26384 - Во врска со Северна Кореја
Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska
Тоа што во Северна Кореја сеуште има окупаторски поредок е проблем не само за невините кои повредувани, туку и за Праведните кои се загрижени за Човештвото како целина.
Многумина веруваат дека Северна Кореја е далеку, и не прават ништо.
Но, истите луѓе не можат да сфатат дека Малите Окупирани Области на Кипар и Големите Окупирани Области на Грција се далеку за другите.
Во врска со правдата, не е проблем далечината, туку недејствувањето против варварството.
Далечината нема никаква врска со човечноста.
Кој било дел од планетата да пати, треба да нѐ рани ако навистина сме луѓе, а не само поединци во општество на заборав и рамнодушност.
Поредокот на Северна Кореја, не само што е неприфатлив, туку е и варварски и нечовечен.
И секој чекор кој го прави е за осудување, бидејќи поради комунизмот, го повредува секое човечко суштество.
Секако, оние кои имаат на ум такви стереотипи, не се осврнуваат кон ова прашање поради чувство на вина.
Но, сите останати, кои не припаѓаме во оваа категорија која треба да се искупи, мора да пружиме отпор преку нашите дела и гласови.