23077 - Веднаш штом ја запалиш

Н. Лигерос
Translated by Teodora Papatolevska

Веднаш штом ја запалиш
со својата свеќа
свеќата на другиот
зачас влегуваш
во нашиот свет
каде што мета-среќата
делува
во спротивно можеш да одржиш
само среќа
со палење на својата
ќе ја имаш и тагата
кога ќе се изгасне
затоа што не си ја пренел
светлината на друго место
и завршила со тебе.