24205 - Кога напаѓате

Н. Лигерос
Translated by Teodora Papatolevska

Кога напаѓате
со бомби
и клинци
тоа не е само
за да убиете
туку за да ја покажете
на повеќе начини
крвта
на жртвите
која блика
насекаде
за да ги исплашите
жртвите
за да ги тероризирате
останатите
и да ги убедите
дека сте силни,
вистината
е поинаква
затоа што значи
дека имате минимално оружје
и се обидувате
максимално
да го искористите
варварството
поради бедата
на стратегијата
на празнина.