24206 - Доста веќе

Н. Лигерос
Translated by Teodora Papatolevska

Доста веќе
со невиноста
на незнаењето
затоа што жртвите
не побараа
да бидат
жртви
на терористички
напади
само сакаа
да живеат
како останатите
додека вие
настојувавте
дека станува збор само за
бегалци
и се обидувавте
да нè убедите
дека личат
на минатото
наместо да ја кажете
вистината
за суровата
реалност
која
нема никаква врска
со опасната
девственост.