24207 - Научи одбрана

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Научи одбрана
ако
навистина
сакаш да им помогнеш
на невините
затоа што гледаш
дека нападите
продолжуваат
дури иако
повеќето
велеа
дека потполно ништо
нема да се случи
а сепак беше докажано
дека проценкава
е погрешна
од оваа причина
научи и ти
успешно
да се соочиш
со варварството
затоа што љубовта
не е доволна
да се спасат
луѓето
кои патат
поради рамнодушноста
на другите.