24535 - Историјата се пишува

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Историјата се пишува
со стратегијата
на некои луѓе
кои се способни
да ја препознаат
иднината
пред да дојде
да ја создадат
побрзо
и одлучно
како продолжение
на минатото
поради мостот
кој е изграден
од мајстор за градење
кој не се плаши
од празнината
на сегашноста
за да премине
преку неа
без да се изгуби
за да ја покаже
патеката
на Времето.