24540 - Четвртиот фантастичен

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Четвртиот фантастичен
стоеше во замокот
посилен од кога било
откако влезе
во тимот
бидејќи знаеше
сега
која е
неговата улога
со Учителот
во борбата
за ослободување
и потсетникот
за потребата
за сеќавање
и слобода
кога луѓето
не знаат
кој правец
треба да го следат
за да ја видат светлината
и да продолжат
без страв
по патеката
на полицикличност.