24554 - Во библиотеката

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Во библиотеката
ја видовме иднината
меѓу книгите
кои ја немаат заборавено
својата мисија
веќе со векови
затоа што
продолжија да го учат
секој човек
за она што мртвите го кажувале
со цел неродените
да ја продолжат
нивната работа
без грчење
бидејќи материјата
не е изгубена
и се крие
во микрокосмосот
на секоја книга
која му припаѓа
на Човештвото
со повредата
од Времето
како идно сеќавање.