21216 - Светски рекорд за методот на сертифицирање на прости броеви преку елиптични криви
Н. Лигерос, О. Розие
Translated from English by Teodora Papatolevska
Во рамките на нашите истражувања за теоријата на броевите, сопресметувачката помош на Филипе Алсина, ПиерГазано и Андре Соларис, откривме и докажавме дека бројот Лемер – Рамануџанτ(3312129-1), е прост број со 29.492 цифри. Го употребивме методот на елиптични криви со 32 јадрен компјутер. Простиот број е првиотџиновски, бидејќи има повеќе од 10.000 цифри. Тој е тринаесеттиот џиновски број кој го откривме. Останатите дванаесет имаат 11.002, 13.441, 14.703, 15.515, 15.834, 16.386, 16.526, 18.626, 19.900, 22.506, 23.770 и 26.643 цифри. Вкупно имаме 64 прости Лемер – Рамануџан броеви, што практично ја докажува ефикасноста на нашата методологија при откривањето на големи прости броеви кои ја немаат формата на Мерсен. Овој чекор е примена на нашиот теоретски пристап.