25987 - Не сме за поседување на имот

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Не сме за поседување на имот
туку за придонес
сѐ што стекнуваме
секогаш е
наменето за Човештвото
не очекуваме
апсолутно ништо
преземаме
иницијатива
со цел да продолжиме
кога другите
запираат
не сме
во стапица
на општествата
со свои земјопоседништва
без земја сме
бидејќи
сиот свет
ни е само црква
и напросто работа.