24568 - Пораката од Нов Зеланд

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Пораката од Нов Зеланд
длабоко нѐ трогна
бидејќи разбравме
дека делото на жената
го следело нејзиниот збор
затоа што продолжила
без оглед на далечината
да се сеќава на контактот
на гробиштата на АНЗАК
и да го претвори
во човечна врска
над вообичаените ограничувања
со цел да создаде спој
помеѓу сонародниците
кои живееле заедно
во мигови на мртовци
кои го дале она што се
а не само она што го имаат
за да се борат
против варварството
и за да се спаси цивилизацијата
која верува во светлината
и патот
на Христос.