23329 - Една камбоџиска поговорка

Н. Лигерос
Translated by Teodora Papatolevska

Една камбоџиска поговорка
на хуман начин вели:
„Ништо не е невкусно
за оној кој е гладен
и ништо не е грдо
за оној кој сака.“
имај го ова на ум
и не го заборавај
во тешки мигови
за да им помогнеш без исклучок
на луѓето кои страдаат
затоа што ако навистина
му припаѓаш на Човечкиот род
не можеш да останеш
рамнодушен кон страдањата
и мораш да ја продолжиш
својата борба
за невините
без разлика колку е тешко
затоа што ги сакаш
откако почна да живееш.