24193 - Апсурдот на Северна Кореја

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Апсурдот на Северна Кореја потекнува од фактот дека поредокот сега е комунистички, па дури и сталинистички. Секако, сите оние кои се носталгични по апсолутистички системи и оние кои доколку можат, би сакале да ги применат дури и во Грција, ова не го споменуваат. Кога гледаме дека Северна Кореја е една од највооружените земји на светот, со повеќе од девет милиони војници и со нуклеарен арсенал, сфаќаме колку е важно Човештвото да преземе мерки со цел човековите права, како и правата на Човештвото, да бидат заштитени. Застрашувањето кое таа се обидува да го предизвика во Јужна Кореја, не само што е опасно и апсурдно, туку и како мисла е суштински потенцијално кривично дело против Човештвото, кое мораме да го спречиме пред да се случи. Како нуклеарните проби да не беа доволно, па мораше да создаде уште инциденти со балистичките проектили Родонг во Источното Море. Северна Кореја спроведе вакви проби на 3ти и 10ти март пред новиов инцидент. Комунистичкиот поредок ги претставува овие дела како одмазда за мерките кои беа преземени против неа. Секако, во стварноста сите мораме да сфатиме дека кршењето на човековите права во Северна Кореја е толку безмилосно што целото Човештво презема мерки за да го спречи и фактички и институционално. Бидејќи се гледа дека од внатре нема можност за ослободување, сите Севернокорејци се преплашени од варварскиот поредок. Затоа, наша одговорност е и да ѝ помогнеме на Јужна Кореја да ги издржи овие клучни проблеми и да им помогнеме на жртвите во Северна Кореја кои патат поради комунизмот.