25011 - Појаснување

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Секој чин на варварство за него беше нечовечки и не можеше да ја поднесе пасивноста на некои луѓе додека гледаат како жртвите умираат. Невините и нивните животи беа мисија за Праведните и тој го знаеше ова од почетокот, од мигот кога ги отвори очите на светов. Затоа му се чинеше неверојатно да гледа поединци незаинтересирани за постоењето на другите бидејќи си го истражуваат само своето затоа што тоа е единственото важно. И покрај тоа, животот продолжуваше па така и Човештвото бидејќи ги пушташе овие поединци да преживеат во заборавот на општествата. Кога ја сфати оваа замисла престана да си го троши времето со поединци и започна плански да им помага на луѓето, кои и да се. Невини, Праведни, Соколи, Делфини, Самовили, Светци, сите му беа наклонети на Орелот на Човештвото.