25980 - Курдите се спремни
Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska
Курдите се спремни
Ерменците се усогласени
Асирците се борат
и сега прашањето е
дали Грците
ќе учествуваат
во оваа фазна промена
на целиот пејзаж
на областа
во кој вистината
за стварноста
на историјата
се обновува,
токму таму каде
системот
на варварство
претпостави
дека ги има уништено
сите видови отпор
за во иднина
само што направи
грешка
и заборави
дека Човештвото
не заборава.