26176 - Оние кои многу патат

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Оние кои многу патат
не можат ни да
плачат
зашто нивните солзи
не можат да ја издржат
болката
и попрво би
ги чувале
во себе
за да не биде видлива
за оние
кои не знаат
како да патат
за да не бидат повредени
заради болката
на другите
бидејќи не можат
да ја замислат
нејзината величина
зашто никогаш не го виделе
Прометеј
како плаче.