26280 - Гласникот

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Гласникот
на Човештвото
отсекогаш велеше
дека кога ги забораваме
мртвите
ги убиваме
повторно
тогаш сфативме
дека заборавот
навистина може
да ја убие смртта
и затоа запомнивме
колку е важна
вистината
затоа што го одбива
заборавот
и дозволува
сеќавањето
да ја надмине
смртта.