31078 - Колку сила

Н. Лигерос
Translated from the Greek by Teodora Papatolevska

Колку сила
зема читателот
од тебе
кој се чувствува
потполно сам
во општеството
и одеднаш
открива
дека светот
на човечност
постои,
и тоа што во моментов
не е главниот
не значи
дека не постои
за иднината.
Па така продолжува
по својот пат
без да клекне
затоа што ти си го ослободил
со твојот збор.