31428 - Кој ти даде

Н. Лигерос
Translated from the Greek by Teodora Papatolevska

Кој ти даде
право
да го сопреш
штафетното трчање?
Не гледаш
дека палката
нема ништо
за никого
кога не ја поминува
целта.
Па погледни
ги оние
пред тебе
и по тебе
за да дознаеш
што мораш да правиш.
Затоа што ако последниот
не помине,
никој не поминува,
и ти плукаш
по мртвите.